Досегашниот член на тимот на Победа, Бојан Спиркоски е нов играч на Пелистер. Спортмедиа дознава дека еден од најјефикасните фудбалери во изминатата ПМФЛ полусезона се сели во Битола, и е дел од новиот, реновиран состав на Пелистер.
Тој не поранешен македонски младински репрезентативец кој има интернационално искуство и кој ќе биде од голема помош за Битолчани да се изборат за прволигашки статус за следната сезона.