Експедицијата на Беса, вечерва летна за Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки за пролетниот дел во ВМФЛ. Тимот од Добри Дол е втор вторологашки клуб од Македонија, покрај Гостивар, кој дел од подготовките ќе ги одработи во овој познат турски спортско – туристички центар.
Беса во Анталија ќе престојува до 5 февруари, а момците на стратегот Александар Таневски ќе одиграат најмалку три пријателски натпревари со силни противници.