Милан се повлече од трката по напаѓачот на Рома Николо Заниоло неможејќи да ја следи понудата на англиски Борнмут. „Росонерите“ го сакаа младиот играч во своите редови но се откажале затоа што не сакале да понудат 30 милиони евра плус бонуси колку што и понудил Борнмут на Рома за италијанскиот фудбалер. Во понудата има и процент за Рома при идна продажба на фудбалерот.
Иако Рома ја прифатила понудата, сепак, фудбалерот ќе треба да одлучи дали сака да оди во Борнмут, а потоа да ги договори личните услови. Заниоло има договор со Рома до јуни 2024 година, а оваа сезона постигна два гола во 17 натпревари.