Миле Стерјовски со прва тренерска работа во Австралија

287

Еден од членовите на златната генерација на австралискиот фудбал, Миле Стерјовски, кој има македонско потекло, но никогаш не заигра за некоја од нашите репрезентативни селекции, доби прва работа како главен тренер на еден фудбалски тим.

Стерјовски е назначен за шеф на стручниот штаб на екипата на Макартур, каде досега ја имаше улогата на асистент. Стерјовски му се приклучи на клубот во неговата инаугуративна сезона во 2020 година, преземајќи го клупскиот младински тим.

„Миле е дел од нашиот клуб од самиот почеток и ни прави голема гордост што имаме напредок на тренерската позиција“, рече извршниот директор на Макартур, Сем Кршловиќ.

ПретходноГолем пех за Швеѓаните: Останаа без капитенот во битката за медалите
СледноПроблеми во рајот: Пет фудбалери се свртеа против Гвардиола