Нема дуел Трајковски – Роналдо во финалето на Супер купот на С.Арабија

640

Александар Трајковски со Ал Фeјха се пласираа во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија и таму ќе игра со Ал Итихад од Џeда кој вечерва го елиминира Ал Наср на Кристијано Роналдо.

Роналдо беше во првиот тим на Ал Наср кој не успеа да победи на ова гостување и да се најде во финалето на Купот. Домашниот тим победи со 3:1 со головите на Ромалињо и Хамдалах во првото полувреме и Шанкети во финишот на натпреварот.

Голот за Ал Наср го постигна Талиска, а Роналдо го одигра целиот меч.

FOTO>Twitter/AlNassrFC

 

ПретходноСледното младинско ЕП ќе се игра во Словачка во 2025
СледноMeрцедес Јенц го засили Шалке 04