Следното младинско ЕП ќе се игра во Словачка во 2025

152

Македонската младинска репрезентација на 2 февруари со ждрепката во Нион, Швајцарија ќе ги дознае противниците за следниот квалификациски циклус. Истиот, во зависност од распредот на мечевите, може да стартува за нас или во јуни, или пак наесен.

Македонија според проценките и рејтингот би требало да се најде во третиот шешир, што значи дека автоматски ќе добиеме само два противника кои се поквалитетни на хартија.

Од друга страна пак, целата кампања се игра за пласман на следниот континентален шампионат, за кој УЕФА одлучи да се игра во Словачка во 2025 година.

Откако ќе ги дознаеме противниците за следниот квалификациски циклус, репрезентацијата на Македонија до 21. година ќе договори две пријателски средби за УЕФА терминот од 20 до 28 март, а доколку се поклопат нештата можно е и да бидеме дел од некаков турнир со плус три репрезентации.

 

ПретходноСинот на Карло Анчелоти може да го предводи Евертон
СледноНема дуел Трајковски – Роналдо во финалето на Супер купот на С.Арабија