Што вели статистиката по ова Светско првенство: Погледнете кој е најдобриот стрелец и асистент!

425

Македонската ракометна репрезентација настапот на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска го заврши на 27 место. Ова е прво големо натпреварување во кое нашиот најдобар национален тим го почна процесот на транзиција, а кој покажа дека без некогашните лидери во составот не чека тешка задача во иднина.

Без Лазаров, Стоилов и Миркуловски, кои играа токму до последните баражи за пласман на овој Мундијал, нема кој да го повлече тимот. Па ова првенство останува како големо искуство за сите кои го носеа националниот дрес, но и една порака за оние кои премногу очекуваа. Македонија ќе се мачи многу, ЕП 2024 година е речиси обезбедено, прашање е дали после таа година ќе успееме да се избориме за ново СП. Затоа да се радуваме само на настапите.

Сепак ова е друга тема, која своја потврда добива од крајната статистика. Што вели истата – реалноста за Македонија на СП дефинитивно е Президент Купот, таму сликата се промени, освен дуелот со Тунис, кој пак и во минатото со многу подобар состав не победува.

До пред стартот на вториот дуел од Президент Купот, наш најдобар стрелец беше Жарко Пешевски со 18 гола.

Оваа листа на стрелци се промени, Кузмановски одигра три средби со по осум погодоци, па на крајот првенството го завршува како лидер со 37 гола од 54 обиди. Од нив шест гола се од седум метри, против Ј.Кореја промаши два седмерци.

Зад него на минус десет гола е Филип Талески со 27 гола од 55 обиди, трет е Дејан Манасков со 24 гола од 35 обиди и одлични 14/14 од седум метри, тој не влезе во игра на последните два меча. Ненад Костески кој доби шанса, поголема во Президент Купот, максимално ја искористи, зад неговото име стојат 23 гола од 30 обиди.

ТОП ЛИСТА НА ГОЛОВИ

Филип Кузмановски 37 гола од 54 обиди (69%) 6/8 од седум метри

Филип Талески 27 гола од 55 обиди (49%)

Дејан Манасков 24 гола од 35 обиди (69%) 14/14 од седум метри

Ненад Костески 23 гола од 30 обиди (77%)

Жарко Пешевски 19 гола од 24 обиди (79%)

Мартин Серафимов 18 гола од 24 обиди (75%) 1/2 од седум метри

Петар Атанасијевиќ 13 гола од 16 обиди (81%)

Игор Ѓоргиев 13 гола од 17 обиди (76%)

Костадин Петров 11 гола од 11 обиди (100%)

Марко Стојковиќ 10 гола од 11 обиди (91%)

Кога сме асистенциите и тука на прво место е Филип Кузмановски, има вкупно 29, зад него е Мартин Серафимов со 12, двоицифрената тројка ја затвара Филип Талески со 11.

ТОП ЛИСТА НА АСИСТЕНЦИИ

Филип Кузмановски 29

Мартин Серафимов 12

Филип Талески 11

Игор Ѓоргиев 7

Иван Џонов 4

Ненад Костески 4

ГОЛМАНИ

Мартин Томовски 35 одбрани од 137, ефикасност 26%

Никола Митревски  35 од 144, ефикасност 24%

ПретходноДенвер немоќен без Јокиќ, Лилард-шоу со 60 поени и победа над Јута
СледноБарса понуди 40 милиони евра за фудбалер на Аталанта