Брајтон одби 60 милиони од Арсенал за Каиседо

159

Брајтон ја одбил понудата од 60 милиони фунти од Арсенал за Мојсес Каиседо. Ова е втора понуда за Еквадорецот, која „Галебите“ ја одбија, откако пред неколку дена му кажаа „не“ на Челзи , кој пак понуди 55 милиони фунти за 21-годишниот играч за врска.

Брајтон инсистира дека Каиседо, кој има уште две и пол години од договорот, не е на продажба, иако англиските медиуми наведуваат дека клубот од јужниот брег ќе го смени својот став доколку добие понуда која ќе се приближи до 100 милиони фунти.

За Каиседо е заинтересиран и Ливерпул, но од таму допрва треба да дадат официјална понуда.

Арсенал веќе ангажираше еден играч на Брајтон во зимскиот преоден рок во Леандро Тросар, за кого платија 27 милиони фунти.

ПретходноНема ново шпанско чудо, Данска завери финале – на победа до историја!
СледноЛеклер нема веќе да биде прв возач во Ферари!