Германија го победи Египет и ќе се бори за 5.место, одлично судење на Начевски и Николов!

132

Германија го победи Египет со 35:34 во продолженијата и ќе се бори за 5.место на СП. Ривал ќе им биде победникот од средбата Норвешка – Унгарија кој се игра во моментов. Додека Парондо и неговиот Египет ќе игра за седмата позиција на Мундијалот.

Навистина беше интересно во „Арената Теле 2“ во Стокхолм. Германија го контролираше мечот во првиот дел, на стартот во второто полувреме имаше предност од +8, но сепак “фараоните“ успеаја да дојдат до израмнување 30:30.

Во продолженијата Германците подобро се снајдоа и на крајот славеа со 35:34. Да споменеме дека овој меч го судеа Начевски и Николов кои уште еднаш ја покажаа својата класа.

ПретходноМарјан Илиевски: Натпревар лош за здравјето!
СледноУжас за Ал Наср: Роналдо е повреден, следува пауза…а тој е нервозен поради она – Меси, Меси, Меси! (ФОТО+ВИДЕО)