Партизан со 79-78 ја совлада Црвена Звезда во „Пионир“ во 21. коло на Евролигата. Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ не беше задоволен од изданието на своите момци и рече дека морало подобро да се одигра.
„Не сум задоволен. Да, победивме, меѓутоа игравме глупаво, многу вакви натпревари ги изгубивме. Им благодарам на навивачите. Партизан е борбен тим, но имаше многу грешки“, рече Обрадовиќ за „Спорт клуб“.