Пелистер си реди победи во АБА 2, драма во финишот и триумф над Сутјеска!

141

Втор меч и втора победа за Пелистер во “балонот“ во Бања Лука и тоа во рамките на 9.коло во АБА 2 и вкупен шести триумф сезонава.

Пелистер попладнево ја совлада Сутјеска со 77:75 (25:16, 18:12, 20:19, 14:28)

Драма во финишот, Пелистер имаше се во свои раце, но на крајот ја спаси победа со двата поени од слободни фрлања на Маслинко во последните секунди.

Пелистер беше подобар, одиграа момците на стратегот Марјан Илиевски, квалитетно и апсолутно заслужено победија. Освен на стартот, во текот на целиот меч во салата “Борик’“ битолчани ја имаа контролата врз настаните на теренот. Го диктираа темпото на натпреварот. Но во финишот за малку требаше од готово вересија да биде.

Иако мечот не го започнаа добро, имаа минус на почетокот од средбата 2:6, па и 3:8, сепак Пелистер веднаш ја презеде контролата на мечот, пред се на резултатот. Серијата од 10:1 на битолчани ги стави позиција до крајот на првата четвртина да им биде полесно. Четири тројки, добра одбрана, сето тоа на крајот резултираше со водство од 25:16 по првата четвртина.

Одлични беа Караџовски и Карпентер кои заедно имаа 15 поени.

Исто како и во првата, и во втората четвртина, Пелистер лошо почна, им дозволи на Црногорците да почна со 7:0. Па така разликата се намали на само пет поени во еден момент.Сепак многу брзо Пелистер одново „живна“ и сега битолчани направија серија од 7:0. Солидно, квалитетно издание на Пелистер па така дојде до тие 34:24.

Како што одминуваше времето нашиот тим ја зголемуваше разликата и на пауза се замина со 43:28 или +15.

Во продолжение од средбата Сутјеска како да го зајакна темпото, Томашевиќ се расшутира, но сепак Пелистер и натаму имаше двоцифрена предност, едноставно не им дозволи на своите ривали да се приближат. И тоа на еден рутински начин.

Во последната четвртина Пелистер влезе со резултат 63:47 или +16. Сутјеска не „притискаше“ премногу, свесни беа Црногорците дека нема што да бараат на овој меч, додека Пелистер било каков обид на ривалот го неутрализираше.

Сепак на пет минути до крајот Сутјеска дојде на -9 поени.

Дури тогаш Сутјеска тргна малку пожестоко кога виде шанса за нешто повеќе. Пелистер си поигра со победата што ја имаше вџеб, на 30 секунди разликата падна на само +3. А на 3 секунди резултатот беше израмнет, на 75:75. Победата ја донесе Маслинко со поени од двете слободи фрлања за конечни 77:75.

Што се однесува до стрелците, Карпентер реализираше 25 поени, додека Караџовски со 16 одигра забележитална партија.

Треба да се каже дека поради полесна повреда, во игра на овој меч не влезе Хаџифејзовиќ, еден од клучните играчи на Пелистер.

ПретходноНовак кон Иванишевиќ: Не само коментирај, гледај! (ВИДЕО)
СледноСтруга ТЛ одигра 1:1 со Кривбас, Ибраими стрелец за есенскиот шампион!