ФИФА им изрече суспензии на фудбалери на Уругвај

351

ФИФА ги казни фудбалерите на Уругвај за немилите сцени по завршувањето на натпреварот против Гана во третото коло на СП во Катар. Тогаш Уругвајците протестираа кај судиите имаше и физички контакт, а беше уништена и ВАР опремата на стадионот. Фернандо Муслера и Хозе Хименез добија суспензии од по четири натпревари, додека Единсон Кавани и Диего Годин по еден меч.

Револтот кај Уругвајците беше тоа што не добија пенал во судиското продолжение. Тие победија со 2:0, а при резултат 3:0 ќе се пласираа во следната рунда.

Исто така тие ќе треба да извршат општокорисна работа поврзана со фудбалот и заедно ќе платат парична казна до 20.000 швајцарски франци. ФА на Уругвај ќе плати кана од 50.000 швајцарски франци за однесувањето на навивачите и членовите на стручниот штаб.

Споменатите фудбалери ќе почнат да ја одработуваат казната во наредните мечеви под капата на ФИФА.

ПретходноАке му донесе победа на Сити над Арсенал и пласман во 1/8 финалето на ФА Купот (видео)
СледноАлмерија ги освои трите бода против Еспањол