Нема подобра одмазда за Франција. „Триколорите“ во преполната „Теле2 Арената“, пред 22.000 гледачи во Стокхлом ја совладаа Шведска со 31-26 (16-12) и се пласираа во финалето на Светското првенство каде ги чека Данска. На овој начин француските ракометари им се реваншираа на шведските ракометари за поразот во полуфиналето на СП пред две години.
Фабрегас постигна шест гола, еден помалку имаше Мем, кај поразниот тим Јохансен запиша пет погодоци.
Уште една феноменална пресметка понудија овие две репрезентации, со тоа што „триколорите“ беа постојано во водство. Франција со серија од 4-0 поведе со 6-3 во 12. минута и покрај тоа што Паличка добро влезе во мечот, запиша пет одбрани. Во овој дел „триколорите“ играа преку Фабрегас. Шведска ги исклучи двете исклучувања во редовите на противникот, па дојде на негатива од 10-9. Сепак со нови три гола во низа, француските ракометари успеаја да поведат со 13-9 во 24. минута, а потоа да дојдат и на плус пет (15-10). На одморот беше 16-12.
По само три минути игра во второто полувреме, условно кажано домаќинот по вторпат на оваа средба поведе со пет гола, Мем зголеми на 18-13. Шведска не ја губеше надежта, постојано притискаше во 46. минута дојде на два гола негатива (24-22), откако направи серија од 4-2. Лен успеа да го прекине налетот, Жерар влезе во серија, па Фабрегас, Маје, Туран…зголемија на 30-24 на пет минути до крајот.
Утре е ден за одмор, во недела мундијалската програма почнува со мечот со седмото место меѓу Египет и Унгарија, па дуелот меѓу Германија и Норвешка за петата позиција, по што следи пресметката за третото место меѓу Шведска и Шпанија и за крај на вечерта финалето.