Басконија во продолжението му го нанесе на Ефес 11-тиот пораз

92

Интересен и неизвесен меч до самиот крај во Евролигата одиграа Басконија и Ефес кој го добија Шпанците со 114-111 по продолжението. Тоа е 12-та победа на Басконија сезонава, додека Ефес го доживеа 11-тиот пораз по 21 одиграно коло.

Костељо постигна 33 поени во редовите на Басконија, додека кај Ефес најефикасен беше Ларкин со 21 поен.

На другите вечерашни натпревари Олимпијакос славеше над Макаби Тел Авив со 95-89 додека Баерн беше подобар од Виртус Болоња со 91-84. На првиот меч од денешната програма Партизан славеше над Црвена Звезда со 79-78.

 

ПретходноОбрадовиќ: Не сум задоволен, победивме, но игравме глупаво
СледноМеси во Барселона? Се е квантна физика, нема шанси, а еве зошто!