Калин подобар и од Соргер, оди во полуфиналето во Тунис

95

На фјучерс турнирот во Монастир, Тунис, нашиот Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето. Денеска тој беше подобар од Соргер од Австрија со 6:4, 6:2, и на тој начин си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.

Таму, Калин го чека дуел против Сакеларидис од Грција, 18. годишен тенисер, кој во моментов е 641 во АТП ранкингот.

Ивановски игра во моментов во одлична форма, и на речиси секој турнир каде што учевствува е дел од самата завршница.

 

ПретходноСопственикот на Јувентус: Не се докажани обвинувањата против клубот
СледноФК Вардар е жив само на хартија! Кој ќе даде пари да се купи „катанец“!?