РБ Лајпциг со 2:1 го победи Штутгарт во 18.коло на Бундес лигата и со тоа ја продолжи одличната серија на добри резултати под раководство на Марко Росе. „Биковите“ врзаа 11 меча без пораз од кои осум им се победи.
Триумфот на Лајпциг го донесе Собослаи кој постигна два гола, еден во првото полувреме, а другиот на стартот на второто. Погодокот на Штутгарт го постигна Фурих во 68. минута од пенал.
Од друга страна Штутгарт е во серија од 20 гостински натпревари без победа во Бундес лигата.
Исто така „Биковите“ нема пораз од Штутгарт веќе 11 натпревари (9 победи и 2 ремија).