Марјан Илиевски: Натпревар лош за здравјето!

193

Кога се чинеше дека Пелистер на еден рутински начин ќе го приведе натпреварот до крај со Сутјеска и ќе забележи победа, дојде до драма. На неколку секунди до крајот во салата “Борик“ во Бања Лука, Пелистер дозволи израмнување на 75;75, за да за среќа на битолчани, Малсинко ги реализира двете слободни фрлања за конечни 77:75 и победа на битолчани.

Секако дека стратегот Марјан Илиевски по мечот имаше што да каже:

Овој натпревар беше лош за здравјето. Кога имате таква резлтатска предност, убедливо водство, секако дека очекувате мечот да го добиете на еден рутински начин. Најважно е што победивме. Не сакам сега да ги `линчувам` играчите порди големиот пад во финишот. Заморот е главната причина за за падот во завршницата. Честитки за победата против еден квалитетен противник“ заклучи стратегот на битолчани по натпреварот во Бања Лука.

Претходно“Сините“ остануваат без дефанзивецот: Брегалница го продава Коцев во Казахстан!
СледноГерманија го победи Египет и ќе се бори за 5.место, одлично судење на Начевски и Николов!