Мбапе за време на гала вечер ги гледа мечевите на својот иден клуб (ВИДЕО)

636

Килијан Мбапе е можеби најдобриот играч на денешницата. Иако се уште го чека официјалното признание дека може да го носи тој епитет, јасно е дека одличниот Французин полека но сигурно го презема приматот на фудбалската сцена.

Мбапе веќе неколку години игра за ПСЖ, а прашање е до кога ќе биде така. Беше блиску до заминување минатото лето кога француската влада се крена на нозе. Претседателот Емануел Макрон исто така повика и го задржа во Паркот на принцовите.

Светската суперѕвезда беше блиску до потпис за Реал како слободен играч и општиот впечаток е дека прашање на денови е кога ќе заигра за „кралевите“.

На социјалните мрежи почна да кружи клип кој можеби на идеален начин опишува колку Мбапе навистина се грижи за мадридскиот клуб.

Имено, Мбапе со неколку соиграчи од ПСЖ беше на гала вечерата, но наместо да ужива во друштво, го вклучил мобилниот и го гледал натпреварот.

Станува збор за средбата од четврт-финалето од Купот на шпанскиот крал помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, која „кралевите“ ја добија со многу мака и по продолженија.

ПретходноЦиципас во финалето на Австралијан Опен, украинскиот амбасадор побара Ноле да се извини!
СледноКоло Туре со неславен почеток на тренерската кариера – девет меча, ниту една победа и отказ!