Мирко Ивановски си замина од Петролул

338

Искусниот македонски фудбалски интернационалец, Мирко Ивановски повеќе не е член на тимот на Петролул Плоешти од Романија.

Тој зимава го раскинал актуелниот договор со клубот, и на пролет ќе го гледаме во нова средина. Некогашниот младински но и сениорски репрезентативец на Македонија, е интернационалец од 2010 година која кога од матичниот Пелистер замина во Македонија ЃП, па потоа во Славија Прага, па Арка, Астра, Клуж, Видеотон, Болуспор, Хајдук, Диосѓор, Динамо Букурешт, па се до Петролул.

Напаѓачот има 33. години во моментов, но сепак, има уште неколку сезони во нозете за да одигра на високо ниво, и да го задржи статусот на интернационалец.

 

ПретходноЕвертон има нов менаџер
СледноНовак кон Иванишевиќ: Не само коментирај, гледај! (ВИДЕО)