НБА ги објави стартерите за Ол-стар натпреварот, Леброн доби најмногу гласови!

203

НБА ЛИГА ги објави имињата на десет играчи кои ќе стартуваат во стартниот состав на овогодинешниот Ол-стар натпревар. Најмногу гласови доби Леброн Џејмс, кој по шести пат ќе биде капитен кој ќе ги бира своите соиграчи, а третпат противник ќе му биде Јанис Адетокумпо.

Заедно со Леброн, од Западната конференција беа избрани и Никола Јокиќ, Зион Вилијамсон, Стеф Кари и Лука Дончиќ, а Истокот ќе го претставуваат Адетокумпо, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Кајри Ирвинг и Донован Мичел.

Капитените беа избрани врз основа на гласовите на навивачите. Најмногу доби Леброн, речиси 7,5 милиони, а втор е Јанис со 6,76 милиони гласови. Сепак, стартната петорка беше избрана по пребројување на гласовите на играчите и претставниците на медиумите, кои вредеа по 25% во бодувањето, додека гласовите на навивачите беа 50%.

ПретходноКоло Туре со неславен почеток на тренерската кариера – девет меча, ниту една победа и отказ!
СледноАјакс и официјално го смени тренерот, откако ја повтори серијата од 1965 година!