Нема ново шпанско чудо, Данска завери финале – на победа до историја!

180

Првиот патник во финалето на Светското првенство е бранителот на тронот Данска. Оваа селекција повторно ја совлада Шпанија во полуфиналето со 23-26 (10-15). Данските ракометари ќе имаат шанса да испишат историја, да станат првиот тим кој успеал да освои три светски титули во едно по друго. Исто така оваа селекција ја продолжи низата од 27 меча на Светски првенства без пораз.

Ландин со 15 интервенции повторно беше јунак, Питлик постигна шет гола, на другата страна Алекс Душеваев имаше пет гола, Соле Сала четири.

Данските ракометари на крилата на неверојатниот Ландин, добрата одбрана и уште помоќниот напад веднаш го наметнаа својот ритам во првото полувреме. Две одбрани на Ландин на стартот и 0-2. Шпанците во ниту еден момент не поведоа. На другата страна актуелниот светски првак брзо стигна до предност од четири гола, на средината на првото полувреме беше 5-9. Перес де Варгас се обидуваше да го повлече својот тим, „фуријата“ на кратко успеа подоцна со серија 3-0 дојде на 11-10. Данците жестоко одговорија со 4-0 за 15-10 на одморот.

Динаминчен ракомет на стартот на второто полувреме. Шанците се обидоа со брз центар, Перес де Варгас запиша нова одбрана, но неговата репрезентација не искористи напад да дојде на минус три, Хансен казни од седум метри за 15-20 во 40. минута.

И данските ракометари влегоа во криза, па Шпанија се доближи на 19-20 во 47 минута. Јакобсен го прекина налетот на противникот за 19-21. Предводникот на Данска се одлучи за „седум на шест“, што вроди плод, данските ракометари поведоа со 20-25 на пет минути до крајот.  Она што го видовме претходно во четвртфиналето за малку ќе се повтореше и во Гдањск. Малата опуштеност на данските ракометари, Шпанија ја казни и дојде на 23-25. Хансен не успеа да го совлада Де Варгас од седум метри, на другата страна Соле Сала беше сопрен од Ландин од истата позиција, тука беше крајот.

Исто во терминот од 18 часот Норвешка успеа да се издигне по шокантниот пораз од Шпанија, ја совлада Унгарија со 33-25 и закажа битка за петото место против Германија.

ПретходноАнтиќ со овации дочекан во Белград! (ВИДЕО)
СледноБрајтон одби 60 милиони од Арсенал за Каиседо