Новак Ѓоковиќ утринава со 3:0 во полуфиналето на АО во Мелбурн го победи Томи Пол и со тоа во недела ќе оди по својата десетта титула на овој Гренслем. Ривал ќе му биде Стефанос Циципас.
Иако немаше којзнае какви потешкотии против Пол, сепак во одредени моменти Србинот беше нервозен, а сета таа нервоза ја “истури“ врз својот тренер Горан Иванишевиќ.
Па така во еден момент Новак му се развика на Горан…
“Не само коментирај, гледај“ на ова и Хрватот нешто врати, секако можеме само да претпоставиме што, за да мајката на Новак, Дијана се “скина“ од смеење.
Навистина беше интересно да се види оваа конверзација на Новак и Горан.
NOVAK RIBA IVANISEVICA! pic.twitter.com/o60DRmblU1
— kojic_sportski (@KSportski) January 27, 2023