Партизан ја преживеа трилер завршницата и ја совлада Звезда во „Пионир“

302

Екипата на Партизан го совлада големиот ривал Црвена Звезда во 21 коло на Евролигата. Првиот меч го доби Звезда, а сега Партизан го возврати ударот и по голема драма го совлада најлутиот ривал со 79-78. Имено Звезда падна во дуелот со големиот ривал во „Пионир“ после шест години.

Партизан сега има ист скор со Звезда (10-11).

На стартот на мечот Звезда имаше водство од 9:8 потоа Партизан го сврте резултатот и ја одржуваше предноста до крајот на мечот. На полувреме беше 37-45.

Вистински трилер се случуваше во последната четвртина, поточно во последните моменти од дуелот. На една минута до крајот Звезда со слободните фрлања на Добриќ стигна до 71-72 со огромна шанса да го добие мечот меѓутоа во завршните секунди направи две-три грешки кои Партизан ги искористи. Недовиќ и Митровиќ не беа сконцентрирании направија фаули, а тоа „црно-белите“ повторно се одлепија (73-77).

Следуваа поени за Звезда 75-77, сепак, не се случи чудесен пресврт.  Егзум погоди слободни фрлања за 75-77, а веднаш потоа Недовиќ погоди тројка за конечни 78-79 за Партизан

Кај Звезда Вилдоза реализираше 26 поени, додека Недовиќ 23. Кај Партизан најмногу поени (20) постигна Данте Егзум.

ПретходноЧетирикратниот европски првак го сака Златко Далиќ за тренер
СледноЊукасл договори напаѓач на Евертон за 40 милиони фунти!