Стефан Коцев по се изгледа дека заврши со настапите во дресот на Брегалница. Имено тој се сели во Казахстан, и тоа во тимот на Каспиј Актау. По добрите игри на Коцев, тимот од Казахстан, сакал по секоја цена да го ангажира одличниот дефанзивец, еден од клучните играчи на штипјани. Пртеговорите се веќе завршени, остануваат само да се допрецизираа само уште некои детали и да се промовира Коцев во својот нов клуб.
Се разбира дека Брегалница од овој трансфер ќе добие добра сума пари како отштета, ако се знае дека со Коцев има важечки договор.