Ужас за Ал Наср: Роналдо е повреден, следува пауза…а тој е нервозен поради она – Меси, Меси, Меси! (ФОТО+ВИДЕО)

3254

На Арапите многу брзо им се стемни кога станува збор за Кристијано Роналдо. Го платија пола милијарда евра, а тој уште на вториот меч се повреди и тоа зглобот. Се гледа од фотографијата подолу дека неговиот зглоб на десната нога е во завој.  Не само што досега нема гол за Ал Наср во тие два официјлни меча, туку почнаа и првите критики во јавноста во Саудиска Арабија. Очигледно е дека Роналдо е далеку, далеку од она што треба да биде.

Сепак за него паузата што следува поради повредата не е најголем проблем, туку тоа што мора да истрпи од фановите кои не се за Ал Наср. Имено по мечот со Ал Итихад, фановите на противничкиот тим му извикуваа…Меси, Меси, Меси… се со цел да го изнервираат.

И во тоа успеаја.

Дали веќе почнаа проблемите во рајот?

ПретходноГерманија го победи Египет и ќе се бори за 5.место, одлично судење на Начевски и Николов!
СледноРепрезентативецот Петров е ново име во Алкалоид!