Циципас во финалето на Австралијан Опен, украинскиот амбасадор побара Ноле да се извини!

303

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас се пласираше во финалето на Австралијан Опен откако за три часа и 24 минути го совлада Карен Качанов со 3-0 по сетови 7:6, 6:4, 6:7 и 6:3. Последниот ривал во битката за титулата ќе го донзае за неколку часа кога силите во Мелбурн ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Томи Пол.

Пред второто полуфинале, украинскиот амбасадор во Австралија, Васил Мирошниченко, уште пред објавата на Срѓан Ѓоковиќ дека нема да биде присутен на полуфиналето, побара да биде исфрлен од Австралија опен, односно да не може да присуствува на преостанатите натпревари од турнирот, додека побарал од Новак да се извини за потегот, пренесуваат австралиските медиуми.

Добро е познато дека таткото на Ноле се сликаше со симпатизерите на рускиот претседател Владимир Путин со развиорени знамиња, по што настана вистински хаос. Човекот носи провоен симбол „Z“ на неговата кошула, додека држи руско знаме со ликот на Путин на него. Симболот „ Z“, кој се наоѓа на опремата и оружјето на руските војници, се смета за знак на поддршка за Русија, вклучително и нејзината инвазија на Украина.

Во меѓувреме се огласија и од Австралијан опен, свесни за „непримерните знамиња и симболи“ кои беа покажани по мечот, притоа додавајќи дека за тоа разговарале со тенисерите и нивните тимови.

ПретходноЈезива повреда на Лука Дониќ (ВИДЕО)
СледноМбапе за време на гала вечер ги гледа мечевите на својот иден клуб (ВИДЕО)