Четирикратниот европски првак го сака Златко Далиќ за тренер

589

Холандскиот весник „Телеграф“ пласираше вест и тврди дека европскиот гигант Ајакс сака да го донесе за тренер Златко Далиќ, селекторот на хрватската репрезентација. Далиќ направи одлична работа предводејќи ја Хрватска до среброто на СП во Русија односно до бронзата на СП во Катар минатата година.

Ајакс му даде отказ на Алфред Шрудер, па е во потрага по нов тренер и од листата на желби е и Далиќ и медиумот вели дека тие веќе оствариле контакт.

Инаку веќе тројца тренери ја одбиле работата во Ајакс, а екипата привремено ќе ја води легендата на клубот Џони Хеитинга.

 

ПретходноЛеклер нема веќе да биде прв возач во Ферари!
СледноПартизан ја преживеа трилер завршницата и ја совлада Звезда во „Пионир“