Ќе успее ли Шпанија да стави крај на рекордната серија на Данска? Трета среќа за Швеска?

549

Денеска ќе бидат познати имињата на финалистите на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Во центарот на вниманието се полуфиналните пресметки меѓу Данска – Шпанија и Шведска – Франција, во репризата од Мундијалот пред две години.

Актуелниот светски првак е на два чекори да испише историја во ова натпреварување, има шанса да стане првиот тим кој успеал да дојде до три светски титули во низа. Но, за да стигне до ова остварување треба прво да обезбеди финале.

Во Гдањск, Шпанија ја чека Данска. „Фуријата“ ќе влезе мотивирано, ќе бара одмазда за поразот во полуфиналето во Египет. Шпанците до полуфиналето дојдоа по голема драма, испратија порака дека не постои невозможно. По продолжение ја елиминираа Норвешка, а сега ќе имаат шанса да дојдат до финалето и воедно да ја прекинат рекордната серија на Данска од 26 меча без пораз. Данците имаат 24 победи и две ремија.

Во Стокхлом пак Шведска ќе го бараат ново учество во финалето против добро познат противник Франција. Во Египет ја елиминираа совладувајќи ја со 26-32 во доминатна игра. Овие две репрезентации се сретнаа во полуфиналето на СП 2021 и ЕП 2022 година, двете средби ги доби Шведска.

Пред овие средби, Германија ќе игра против Египет, додека Норвешка против Унгарија во битката за петото место на Мундијалот.

ДЕНЕСКА НА СП

15:30 Германија – Египет

18:00 Шпанија – Данска

18:00 Норвешка – Унгарија

21:00 Франција – Шведска

ПретходноСелекторот на Германија го крена гласот: Ова што го прави ИХФ не е фер!
СледноЃоковиќ-експрес во финалето на Австралијан опен преку тенисерот кој одби да се поздрави пред неколку месеци!