Алмерија ги освои трите бода против Еспањол

85

Тимот на Алмерија успеа да победи по три ремија и еден пораз во првенството на Шпанија. Вечерва на домашен терен тимот од Андалузија славеше со 3:1. Резултатот го отвори Суарез, а во второто полувреме погодија Баптистао и Портиљо за предност од 3:0. Во 90 минута Хоселу само го намали резултатот за популарните „папагали“.

Трет пат Алмерија постигнува три гола на првенствен дуел со Еспањол во својата историја.Идното коло Алмерија ќе гостува кај Рајо Ваљекано, додека Еспањол ќе игра дома со Осасуна.

Еспањол е на 14. место со 20 бода, а Алмерија е на 11. место со два бода повеќе (22).

ПретходноФИФА им изрече суспензии на фудбалери на Уругвај
СледноОбрадовиќ: Не сум задоволен, победивме, но игравме глупаво