Дојде таму каде што најдобро се чувствува. Се разбира дека мислиме тука на Перо Антиќ, сегашниот претседател на КФСМ и некогашен репрезентативец на Македонија.
Вечерва тој со невидени овации беше пречекан во Беград, во салата “Пионир“ каде што во моментов играат Ц. Звезда и Партизан во дербито на Евролигата.
“Делиите“ еуфорично го поздравија “нивниот Антиќ“, како што го насловија пред извесно време, а тој во друштво на својата девојка Катерина, и тоа како беше среќен и им се поклонуваше на фановите на клубот за кого навива.
Ovacije za Pera Antića! pic.twitter.com/6k0fVaERZq
— Sportske.net (@sportske) January 27, 2023