Поранешниот тренер на Барнли, Шон Дич , денеска ќе биде назначен за тренер на Евертон, соопшти Sky Sports. Веќе вчера медиумите на Островот објавија дека 51-годишниот менаџер е фаворит за функцијата, откако другиот кандидат Марсело Биелса беше прилично скептичен за можноста да го преземе тимот. Сепак, Аргентинецот вчера пристигна во Англија за директно да разговара со сопственикот на Евертон, Фарад Мошири и со управниот одбор. Според Дејли Мејл, Биелса на тој состанок изјавил дека не сака сега да го преземе Евертон и претпочита да започне со работа евентуално по крајот на сезоната, бидејќи потоа ќе може да тренира со тимот.