Евертон не можел да поверува што Биелса бара од нив

1477

Темпераментниот тренер Марсело Биелса е желба на Евертон. „Карамелите“ го контактирале, а тој по 10 часа лет до Англија им го претставил својот план на раководните луѓе на клубот од Ливерпул.

„Лудакот“ бил фаворит за тренерската клупа на „Гудисон парк“, меѓутоа поради своите барања остана без ангажман.

Аргентинецот им рекол дека не може веднаш да го преземе тимот, но тоа може да го направат неговите помошници до крајот на сезона. Тој смета дека за воспоставување на синергија меѓу него и тимот потребно му е најмалку седум седмици.

Тој се понудил да го преземе У21 тимот на Евертон и да создаде основа до летото, а потоа да го преземе првиот тим и да префрли играчи од младинската екипа во првата екипа и со тоа да го почне проектот.

Предлозите се отфрлени затоа што од Евертон бараат инстант резултат со оглед дека на клубот му се заканува преселба во Втора лига.

ПретходноЊукасл договори напаѓач на Евертон за 40 милиони фунти!
СледноФранција ја замолкна „Теле 2 Арената“ и закажа финале со Данска!