Раководството на Бенфика ќе исплати компензација во висина од два милиони евра на Енцо Фернандес поради пропаднатиот трансфер во Челзи, пишува португалскиот весник „Рекорд“. Аргентинецот се сметаше за сигурно засилување на лондончани во зимскиот преоден рок, меѓутоа не се случи трансферот. Португалскиот клуб ги обвини „сините“ за непочитување и неисполнување на првичното барање да се плати целата откупна клаузула во договорот на играчот во висина од 120 милиони евра.
Поради овие причини преговорите беа прекинати, а Бенфика објави дека Фернандез ќе остане до лето. Сепак, сега ќе го обештетат финансиски бидејќи евентуалниот договор со Челзи значително би му го зголемил надоместокот.