Тимот на Пелистер со победа ги стартуваше серијата пријателски средби зимава, против Караорман од минимални 0:1.
Стрелец на единствениот гол за Битолчани беше дефанзивецот Томе Китановски.
Според извештајот добар меч на двата тима во кој шанса добија поголемиот дел од распложливите фудбалери.
Пелистер зимава се засили со неколку прволигашки играчи и напролет отворено најавува пласман на местата кои директно или индиректно водат кон ПМФЛ.