Костадин Петров, репрезентативниот пивот е новото име во таборот на Алкалоид. Амбициозниот суперлигаш, по Иван Џонов, оваа зима успеа да донесе уште едно големо засилување што секако и тоа како добро ќе му дојде на стратегот Кирил Лазаров во продолжение од сезоната.
Костадин Петров претходно играше и за екипите на Металург, Вардар, Вардар и Пелистер, а имаше и куса интернационална кариера на Исланд.
Со овој потег Алкалоид и дефинитивно покажува дека не се шегува и дека на овој тим и тоа како сериозно треба да се смета во Суперлигата.