Струга ТЛ одигра 1:1 со Кривбас, Ибраими стрелец за есенскиот шампион!

220

Струга Трим Лум попладнево во Анталија, во својот втор пријателски меч, ремизираше со тимот на Кривбас од Украина со 1:1. Во добра игра и на двете екипи, Украинците поведоа со голот на Дебелко во 30.минута, сепак пет минути подоцна Бесарт Ибраими успеа да постигне гол и да ги постави конечните 1:1.

И на овој меч стратегот Срѓан Захариевски им даде шанса на повеќе свои играчи. Во наредните денови есенскиот шампион во ПМФЛ ќе одигра уште три пријателски средби во текот на подготовките во Анталија.

ПретходноПелистер си реди победи во АБА 2, драма во финишот и триумф над Сутјеска!
Следно“Сините“ остануваат без дефанзивецот: Брегалница го продава Коцев во Казахстан!