Ѓоковиќ-експрес во финалето на Австралијан опен преку тенисерот кој одби да се поздрави пред неколку месеци!

2991

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралијан Опен, откако го совлада Томи Пол со 3-0 по сетови 7-5, 6-1 и 6-2. Во битката за титулата во Мелбурн ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас. Ноле девет пати го има освоено Австралијан Опен, оди по десетката. Победата во финалето во Мелбурн носи и прво место на АТП листата.

Српскиот тенисер му одржа лекција на Американецот, кој пред неколку месеци на Лејвер Купот едноставно одби да се поздрави со Новак. Тоа убаво се гледа на видеото кога Новак тргна да се поздрави со Тијафо, Мекинро и останатите од “Тимот на светот“, Пол само се сврте.

Ноле нешто поголема мака виде во првиот сет, кој го отвори добро со 5-1, но загуби два гејма на свој сервис. Американецот изедначи на 5-5, но сепак Србинот успеа да се издигне и да поведе со 1-0. Во следните два сета имаше полесна задача, лесно без проблем го урна противникот.

ПретходноЌе успее ли Шпанија да стави крај на рекордната серија на Данска? Трета среќа за Швеска?
СледноЦиципас: Финале на РГ против Ноле? Не се сеќавам!