Барселона шести пат сезонава победи со 1:0, стрелец Педри во неговиот 100-ти меч (видео)

114

Невообичаено за Барселона, меѓутоа стратегијата им успева. Можеби не играат атрактивно како порано, но ја исполнуваат целта. Шести пат сезонава, а трет пат по ред победуваат со по 1:0, а овојпат на гостувањето кај Џирона.

Исто како и на мечот со Хетафе минатото коло, така и сега, стрелец на голот беше Педри во својот 100-ти меч за каталонскиот гигант.

Уште повеќе, Барселона никогаш не изгубила меч од Џирона. Да додадеме и дека Осман Дембеле го напушти мечот во првото полувреме поради повреда. Допрва бидат познати детали за повредата. Токму Педри влезе на негово место во првото полувреме, а потоа го реши мечот.

ПретходноЗгасна шампионот на Романија од 2016 година
СледноПо денешниот пораз од 6:0, Абердин му врачи отказ на тренерот