Бугарите се предомислија: ЦСКА Софија потврди дека утре ќе игра против “лавовите“, а има и предлог! (ФОТО)

829

И дефинитивно утрешниот меч во Анталија меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија ќе се игра. Ова утринава го потврдија од таборот на „армејците“, иако пред два дена тие добија “забрана“ од своите фанови да не играат пријателски средби со македонски клубови.

Сепак откако вчера Берое одигра со “лавовите“, а и Спартак Варна го најави тоа, се чини дека ЦСКА Софија не смееше да ги слуша своите фанови кои на социјалните мрежи излегоа со националистички пораки  територијални претензии кон Македонија.

Се чини дека се смируваат страстите, а од таборот на ЦСКА има предлог пред утрешниот меч во Анталија, или поточно Белек, играчите на двете екипи да носат маички со порака:

„Не, на насилството“…што им значи ова, само тие си знаат.

facebook.com/cskasofiaofficial

ПретходноБеса се пофали со три нови имиња!
СледноОхрид ја совлада Победа во пријателски натпревар!