Два гола на Сон и деби-гол на Данџума за пласман на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

68

Тотенхем победи со 3-0 на гостувањето кај Престон во ФА Купот и обезбеди пласман во осминафиналето. Два гола за „мамузите“ постигна Сон, а во последните минути од средбата погоди и новото засилување Данџума.

Сите голови на натпреварот беа постигнати во вториот дел. Сон го отвори резултатот во 50. минута по додавањето на Танганга, а истиот фудбалер погоди повторно во 69. минута за да го удвои водството на Спарс. Овој пат асистенцијата ја направи Иван Перишиќ.


 

Новото засилување на лондончани, Арнаут Данџума постигна гол во 87. минута, 15 минути по влегувањето од клупата за резерви.

 

ПретходноСпуштен „гардот“ на МЗТ Скопје во Подгорица, без одбрана – нема победа!
СледноНиколиќ: Некои играчи не можам да ги убедам дека можат да победуваат