Ракометарите на Вардар 1961 со пораз ја почнаа новата СЕХА сезона. На гости во Словачка денеска беа поразени од Татран Прешов. По мечот, тренерот на тимот, Недановски, вели дека ова е само почеток и Вардар ќе биде многу подобар во останатиот дел од сезоната.
„Заслужена победа на Татран. Многу наши играчи неодамна се вратија од СП. Покрај тоа, морам да бидам искрен и да кажам дека одбраната на Татран 5-1 не изненади денеска. Добро е што ова беше само првиот натпревар во сезоната и знаеме дека ќе бидеме подобри како што ќе одминат деновите и неделите. Мораме да се фокусираме и на нападот и на одбраната и да го направиме тоа што побрзо можеме“, вели Недановски.
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека Вардар се уште е во фаза на подготовки.
„Во основа ние се уште сме во подготвителен период со многу играчи кои се враќаат од репрезентативните обврски. Нашиот тим е сосема поинаков од минатата сезона и мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не се претставивме добро вечерва. Сигурно ќе научиме од ова. Татран едноставно ја сакаше победата повеќе од нас денеска и мораме да им честитаме на заслужената победа“.