Николиќ: Некои играчи не можам да ги убедам дека можат да победуваат

235

МЗТ Скопје претрпе уште еден тежок пораз во АБА лигата. На прес-конференцијата по мечот свое водивање за дуелот даде тренерот на „штрковите“, Драган Николиќ.

„Лут сум на себе затоа што не можам да ја убедам екипата. Дојдов во Скопје каде убаво се чувствувам и ги имам сите услови за работа. Ама не можам да сфатам како поединци не можам да ги убедам и да им ја дадам мојата верба дека во спортот се е можно. Несфатливи ми се поединци кои не им веруваат ниту во моите зборови, ниту на навивачите, ниту на останатите. Жал ми е што во овие пет кола, не победивме“, изјави Николиќ.

ПретходноДва гола на Сон и деби-гол на Данџума за пласман на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)
СледноЗидан одбра четири клуба во кои би сакал да биде тренер!