Поднел оставка како претседател на клубот за да биде нивен играч

445

Интересна приказна ни доаѓа од Малта. Претседателот на локалниот клуб Хамрун Спартанс, Жозеф Портели поднел оставка од функцијата само за да се регистрира како фудбалер во преостанатиот дел од шампионатот.

Хамрун е лидер во малтешката Премиер лига со 11 бодови предност во однос на најблискиот ривал, а кај 42-годишниот Портели се јавила желба да ја замени канцеларијата со соблекувалната и теренот во финишот на сезоната. Тој нема намера да игра постојано туку неколку минути во најсилната лига на Малта и со тоа да го прослави шампионскиот трофеј на крајот.

А до крајот има уште 10 натпревари со тоа што Хамрун е апсолутен фаворит да остане прв. Инаку Портели веќе направил вакво нешто кога бил претседател на друг клуб, Надур Јангстерс но тогаш во пониските дивизии.

Инаку бизнисменот ги преседе Спартанс во 2021 година и атакува на првиот трофеј во локалната Премиер лига со Портели на чело. Инаку овој клуб е осумкратен шампион на Малта и шесткратен освојувач на Купот.

 

ПретходноНедановски и Стоилов реални: Татран заслужено победи, мора да бидеме подобри
СледноЛоши вести за Барса: Дембеле се повреди, го пропушта првиот меч со Манчестер Ј.?