Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски постигна гол на отворањето на втората полуетапа од унгарскиот шампионат. На денешниот дуел на неговиот Дебрецин и екипата на Залаегерсеги, Бабунски успеа да го постигне третиот гол за домашните кои стигнаа до убедлив триумф од 3:0.
За Бабунски ова беше петти сезонски гол во дресот на Дебрецин кој го става во листата на најдобри реализатори и во лигата.