Екипата на Беса, која се наоѓа на подготовки во Анталија, денеска ги промовираше своите три нови засилувања. Станува збор за Зани Назфи кој е позајмен од Шкендија, потоа голманот Албан Мифтари од Билси и Ерсин Шабани, кој исто така доаѓа од Шкендија.
Со овие три нови имиња од таборот на Беса се верува дека тимот и онака е осетно засилен и дека напролет ќе има шанси да ги оствари своите амбиции.
Инаку Беса во Анталија покрај вообичаените подготовки, ќе одигра и неколку пријателски натпревари.