Откако таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан се сликаше со луѓе во публиката кои носеа руски знамиња и маици со знакот „З“ на четвртфиналниот натпревар на Австралијан опен, неговото однесување беше критикувано од јавноста.
Под притисок, Срѓан реши да не биде на полуфиналето кое неговиот син Новак го доби против Томи Пол. И покрај ова, ситуацијата отиде дотаму што директорот на турнирот Крег Тајли денеска проговори за случајот на Срѓан Ѓоковиќ.
“Поминав многу време разговарајќи со семејството Ѓоковиќ. Мој совет е дека треба да бидат многу внимателни, бидејќи ова е настан од глобално значење. Кога имате стотици илјади луѓе кои доаѓаат низ портите, нормално е дека ќе има некои луѓе кои ќе дојдат со намера да го одвлечат вниманието. Немојте да бидете дел од тоа“, рече Тајли.
Тој потврди дека Ѓоковиќ добро ја разбрал неговата порака.
“Тие тоа го разбираат целосно. Семејството беше многу добро. Тие беа вознемирени, немаа никаква намера. Неговиот татко особено не поддржува војна, тие се фокусирани на поддршка на мирот”, заклучил Тајли.
Новак Ѓоковиќ утре во Мелбурн игра финалето против Сетфанос Циципас ќе го брка 10 трофеј на Австралијан Опен.