Емполи до 82.минута водеше со 2:0, за да на крај среќно дојде до бод! (ВИДЕО)

116

 

Во еден интересен и возбудлив меч, Емполи и Торино одиграа 2:2 рамките на 20.коло во Серија А.

Се тргна убаво за домашниот состав, во 37.минута Луперто стрелаше за 1:0. Во 69.минута Марин на Емполи му донесе водство од 2:0. И така беше се до 82.минута кога Торино се “рабуди“. Прво Ричи намали на 1:2 за да три минути подоцна Санабриа израмни на 2:2.

Емполи во 90.минута имаше многу среќа, фудбалерот на Торино, Миранчук место голот ја погоди само стативата на домашните и тоа беше тоа од овој меч.

ПретходноКадиз триумфално со Мајорка! (ВИДЕО)
СледноОчаен и блед Вардар 1961, Татран Прешов слави победа после повеќе од девет години!