Фудбалскиот клуб Астра од Романија престана да постои. Клубот кој во 2016 година ја освои шампионската титула во Романија, беше вицешампион во 2014 година и освојувач на Купот во 2014 година згасна поради финансиски проблеми.
Извршниот комитет на ФС на Романија го избриша ФК Астра од регистерот па не само машката екипа туку и женската екипа како и младинските тимови. Инаку оваа сезона Астра се регистрираше за настап во Третата романска лига меѓутоа играше до 10 октомври 2022 година, а последниот меч им траеше 47 минути. Тогаш противникот имал водство од 12:0, а судијата го прекинал мечот затоа што Астра останала со само шест фудбалери.
До тој момент ефектот им бил катастрофален: 0 победи, 0 постигнати голови и 66 примени. После тој меч го откажаа учеството и поднесоа барање за повлекување.
After retiring from the 3rd tier last year, Astra has now been officially disaffiliated by the Romanian FA.
The former champions (and #WHUFC ‘s European nightmare) will probably kick ball in the amateur leagues next season. pic.twitter.com/nuJmB6zXOl— Emanuel Roşu (@Emishor) January 28, 2023