Репрезентативецот на Македонија, талентираното лево крило Петар Атанасијевиќ по две и пол години поминати во Еурофарм Пелистер 2, на барање на тренерот Ларс Валтер, е прекомандуван во првиот тим.
Оваа промена доаѓа по настапот на Петар на Светското првенство, на кое селекторот Кирил Лазаров му даде шанса, а тој го покажа сиот свој потенцијал.
19-годишниот Петар во својата играчка кариера настапуваше за РК Алушовски, од каде премина во Еурофарм Пелистер 2. Петар оваа година дебитираше и на Светското првенства, каде ги бранеше боите на македонската репрезентација.