Лоши вести за Барса: Дембеле се повреди, го пропушта првиот меч со Манчестер Ј.?

189

Крилниот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле се повреди на натпреварот од 19. коло денеска против Жирона и ќе биде неизвесен за настап на првиот натпревар од 1/16-финалето на Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед.

Дембеле во средината на првото полувреме почувствува непријатност во левата нога и беше заменет во 26. минута. Информациите велат дека Французинот има повреда на квадрицепсниот мускул на левата нога. Според проценетото време за опоравување, повеќе од три недели, тоа сигурно ќе го попречи да биде дел од составот на Барселона кој ќе го одигра првиот натпревар со Манчестер Јунајтед на 16 февруари.

Реваншот на 23 февруари и на него има шанси Дембеле да биде во тимот.

ПретходноПоднел оставка како претседател на клубот за да биде нивен играч
СледноКасемиро со два гола го однесе Манчестер Ј. во осминафинале на ФА Купот (ВИДЕО)